Бели Мост - Живинарска Фарма за производство на јајца - Фарма

Бели Мост

Бели мост е лоцирана во Битолското село Лисолај, со повеќе од 100 хектари плодно земјиште и заслужен за досегашното постоење и успешна работа е основачот на фармата, 70-годишниот Миле Видановски од село Бабино.

Бели Мост - Живинарска Фарма за производство на јајца - Фарма

Семеен бизнис

Живинарската фарма „Бели мост“ е семеен бизнис на фамилијата Видановски повеќе од 30 години, во кој се ангажирани и  двајцата синови, снаите и внуците, а тука помагаат и голем број на вработени.

Освен јајца одгледуваме и пилиња комплетно одгледани во објект за одгојување на еднодневни пилиња до 16 неделни јарки.

Ние им дадовме нов живот на запоставените ниви, а самите себе – мотив и надеж да го закрепниме, но и да го прошириме бизнисот.

Бели Мост - Живинарска Фарма за производство на јајца - Фарма

Но, ние не застануваме тука…

Фармата распостранета на површина повеќе од 6,000 квадратни метри, се доградува, а нашите пердувести жители се размножуваат се повеќе и повеќе. Засега, фармата е составена од шест објекти од кои 4 се полни со кокошки-несилки. Новите капацитети се наменети за одгледување на пилиња помлади од 18 недели, таканаречени јарки.

Основачот Миле Видановски применува стара успешна формула за сопствениот бизнис.

„Со секој бизнис може добро да се живее, само ако паметно се работи, ако се води голема контрола. Основно е да се нафатиш со онолку работа колку што ќе можеш да ја сработиш. Во спротивно, ќе ти избегаат конците од раце“.